Голманот на „Црвените ѓаволи“ доби ветување од најважниот човек во светот на фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа во 2015 година го делеа само минути од трансфер во актуелниот шпански шампион Реал Мадрид, но трансферот пропадна во последните секунди.

Неговата желба да замине од Англија се` уште постои, а тој доби ветување дека наскоро желбата ќе му биде исполнета.

Најмоќниот менаџер во светот, Мендеш има отворена врата во Реал Мадрид, а тоа му дава можност на претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез да го донесе Де Геа во својот состав.

Реал има 100 милиони евра, колку што би требало да изнесува трансферот на Де Геа, а Мендеш очигледно ќе успее да го реализира тоа на крајот на оваа сезона.