Милан славеше голема победа во дербито против Лацио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Милан ја продолжи серијата добри резултати откако денес на „Сан Сиро“ славеше против Лацио со 2:1.

Милан дојде до водство уште во 15. минута со голот на Кутроне, но радоста на домаќините кратко траеше затоа што само пет минути подоцна Марушиќ го израмни резултатот. Сепак, Милан играше многу подобро во првиот дел па тоа му се исплати кога во 44. минута Бонавентура погоди за ново водство на домаќините.

Во продолжение не видовме некој допадлив фудбал, Лацио се обидуваше да извлече барем реми, но нивните обиди беа јалови па така Милан ја запиша третата победа по ред.