Навас сака да продолжи со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски експерт и новинар на „Скај спортс“ Гилием Балагуе тврди дека Кејлор Навас сака да остане во редовите на Реал Мадрид и доколку во тимот пристигне нов голман.

„Кралевите“ се заинтересирани за доведување нов голман, а на врвот на листата на желби се Давид Де Геа и Тибо Куртоа.

„Кејлор Навас му кажал на Реал дека сака да остане дури и тие да донесат нов голман. Тоа од Реал е видено како добар начин да направат конкуренција во тимот“ –напиша Балагуе.