Вардар тестира поранешен играч на Монако и Динамо Киев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Вардар објавија дека во базата во Анталија им се приклучил 27 годишниот фудбалер Лукман Харуна кој ќе мине одреден тест период меѓу „црвено црните“.

Станува збор за фудбалер кој има богато интернационално искуство и кој може да покрие неколку позиции во средниот ред.

27 годишниот Харуна најголем дел од својата кариера поминал во редовите на Динамо Киев, а настапувал и за Астана, Ховерла, Анжи како и за Монако.

Харуна се приклучи на вардарци и во следните денови ќе тренира со нив, а и ќе одигра неколку натпревари во „црвено црниот“ дрес пред да биде донесена конечна одлука дали тој ќе потпише со актуелниот шампион на Македонија.