Одличен натпревар на „Енфилд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипите на Ливерпул и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар на „Енфилд“ поделувајќи ги бодовите (2:2).

Ливерпул во своите редови го имаше Мохамед Салах кој беше двоен стрелец, а одличен на голот беше и Лорис Кариус кој одбрани пенал.

За Тотенхем погодија Винсент Ванјама и Хари Кејн кој погоди во петтата минута од судиското продолжение.

Ливерпул рано го отвори резултатот, уште во третата минута откако Салах го испрати Лори во спротивен агол. Потоа немаше голови се до 80. минута кога Ванјама го изедначи резултатот.

Седум минути подоцна Хари Кејн не реализираше пенал за гостите, а Салах го искористи тоа погодувајќи за 2:1 во 91. минута. Кога сите мислеа дека е крај беше суден уште еден пенал за Тотенхем, а Кејн не згреши по втор пат.