Нов голем удар за Јуве


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус се здоби со незгодна повреда против Сасуоло.

Јувентус во неделата ја демонстрираше својата сила против Сасуоло и славеше со резултат од 7:0, но Старата Дама го плати цехот на оваа убедлива победа, со обзир дека на тој натпревар со тешка повреда се здоби играчот Блас Матуиди.

Тој го напушти натпреварот уште во 26. минута, а веднаш после завршувањето на натпреварот Алегри соопшти дека Французинот ќе го напупти натпреварот против Тотенхем во рамките од Лигата на шампионите.

Меѓутоа, сега е познато дека Матуиди ќе го пропушти и реванш натпреварот, кој се игра на 7. март на Вембли, бидејќи најмалку месец дека ќе помине на рехабилитација.

Имено, неговата повреда е посериозна од она што првично се шпекулираше. Се работи за повреда на квадрицепсот на левата нога.

Иако од Јувентус не соопштија можен датум за враќање на фудбалерот на теренот, медиумите шпекулираат дека најмалку месец дена ќе трае неговото опоравување.