Официјално: Битанг нов фудбалер на Вардар

0

Камерунскиот интернационалец Кларенс Битанг од денес и официјално е ново име во актуелниот шампион на Македонија, Вардар. 25 годишниот фудбалер со „црвено црните“ потпиша договор кој ќе го задржи во Скопје во следните 2.5 години.

„Задоволство е што сум дел од оваа екипа. Во Анталија бев неколку дена со екипата, и можам да кажам дека има квалитет. Ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата, и се надевам дека оваа година ќе славиме нова шампионска титула. Знам дека тимот моментално е на втората позиција, но во пролетниот дел одиме на освојување на бодови, и се надевам дека на крајот ќе славиме уште една шампионска титула“-изјави Битанг на промоцијата.

Битанг игра во средината на теренот, а на Вардар му се приклучи уште кога клубот беше во Анталија, а по минувањето на медицинските прегледи и официјално стави потпис на договор со „црвено црните“.

Share.