Тотенхем рутински до осминафиналето од ФА Купот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Тотенхем не дозволи по втор пат да биде изненадена од нисколигашот Њупорт Таун и со рутинска победа од 2:0 обезбеди пласман во осминафиналето од ФА Купот.

Првиот натпревар помеѓу овие две екипи заврши без победник (1:1) и поради тоа вечерва се играше реванш средба на Вембли.

„Петлите“ стигнаа до водство во 26. минута кога Батлер сам си ја затресе мрежата. Десетина минути подоцна Ерик Ламела погоди за конечни 2:0.

Во вториот дел Тотенхем имаше шанси и за поубедливо водство, но резултатот остана непроменет.

И во осминафиналето клубот предводен од Маурисио Покетино ќе има нешто полесна задача затоа што се среќава со тимот на Рошдејл.