Погледнете ги новите голмански ракавици кои ќе имаат премиерa на Мундијалот во Русија (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Компанијата „Најк“ ги претстави револуционерните голмански ракавици, „Меркјуриал Тач“ кои својата премиера ќе ја имаат на СП во Русија следното лето.

Тие по изглед повеќе потсетуваат на обичните ракавици за снег, а со нив голманите полесно ќе може да ги фаќаат топките затоа што „Најк“ се концентрираше посебно на прстите на ракавиците поради кои порано голманите имаа проблеми при фаќањето на топките кои често знаеја да им побегнат и да им се лизнат од раце.

Без сомнеж, голманските ракавици повеќе нема да бидат исти, а  новите веќе ги пробаа голманите на Стоук и Рома, Џек Батленд и Алисон Бекер.