Официјално: Репрезентативецот Ангелов нов член на Работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Работнички штотуку потврди дека во своите редови го донесе талентираниот напаѓач на Ујпешт, Виктор Ангелов.

Репрезентативецот на Македонија кој беше дел од златната генерација која настапи за младата репрезентација на Европското првенство во Полска во „Градски парк“ доаѓа на шестмесечна позајмица од неговиот актуелен клуб Ујпешт.

Ангелов е дете на Работнички, а во својата кариера покрај Ујпешт настапувал и во тимовите на Тетекс и Металург, а во младите категории ги носел и дресовите на германските гиганти Борусија Дортмунд и Шалке 04.