Шкупи ја покажа својата „нова“ сила, Работнички само до реми со Ренова

0

Тимот на Шкупи кој оваа зима донесе доста квалитетни фудбалери на дело ја покажа својата „нова“ сила и со убедливи 5:2 славеше против Академија Пандев. Новиот напаѓач на чаирчани, Баже Илијоски постигна хет трик за само 16 минути погодувајќи ја мрежата на Вујанац во 7., 17. и 23. минута. Покрај Илијоски за Шкупи погодија и Ален Јашароски како и Кристијан Стојкоски, додека пак за Академија Пандев головите ги постигнаа Ѓорѓи Стоилов и италијанскиот интернационалец Џулио Грифони.

Работнички и Ренова одиграа здодевно реми на „Филип Втори“ без голови. Од „романтичарите“ се очекуваше многу повеќе, но тие на денешниот натпревар не покажаа баш ништо и со овој бод паднаа едно место подолу на табелата во ПМФЛ.

Победа и Пелистер ги поделија бодовите во пелагониското дерби. Поранешниот играч на Победа, Борче Маневски донесе предност за Пелистер, додека новото име во прилепскиот состав, Зоран Даноски го изедначи резултатот.

Share.