Пеп: Не бев доволно добар за Виган


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека малку фалело да се приклучи на Виган додека се уште играл фудбал.

Пред натпреварот од петтото коло во ФА Купот кој Сити го игра токму против Виган, Гвардиола се присети на трансферот кој бил пред реализација во 2005 година.

„Пред многу години за малку ќе заиграв за Виган. Сепак, вистината е дека не бев многу добар. Бев стар, многу стар. Им затропав на вратата, се обидов да дојдам во англискиот фудбал, но не бев во можност. Истото ми се случи и во Манчестер Сити. Кога дојдов овде кога тренер беше Стјуарт Пирс. Тие беа толку јасни! Не бев доволно добар“- коментираше Гвардиола.

Средбата помеѓу Виган и Манчестер Сити во рамките од петтото коло од ФА Купот на програмата е денес со почеток од 20:45 часот.