Одмаздата се сервира ладна – Јувентус купува играч од Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според италијанските медиуми, Јувентус е заинтереисран за играчот на Милан, Џакомо Бонавентура.

Овој 28-годишен играч игра се подобро оваа сезона, а во Јувентус веруваат дека Бонавентура би претставувал идеално засилување за нивните редови. Милан го проценува својот играч на 30 милиони евра, но не е познато дали Јуве сака толку да го плати.

Бонавентура оваа сезона постигна шест голови и две асистенции.

Член е на Милан од 2014 година, а стигна од Бергамо за седум милиони евра во последниот ден од преодниот рок, откако Интер одби да ја искористи опцијата да го откупи.