Гвардиола ќе го продолжи договорот со Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пренесува дека Пеп Гвардиола се согласил на продолжување на соработката со Манчестер Сити.

Актуелниот договор на Шпанецот со „граѓаните“ истекува на крајот на сезоната 2018/19, а медиумите во Англија тврдат дека веќе вербално е договорен и новиот договор кој треба да истече во јуни 2021 година.

Со новиот договор Пеп Гвардиола ќе заработува по 20 милиони фунти годишно. Се чека само Сити да го освои првиот трофеј под водство на Пеп Гвардиола. Тоа може да се случи викендов затоа што Манчестер Сити се соочува со Арсенал во финалето од Карабао купот.