Рома го растури Наполи на „Сан Паоло“ и го доближи Јувентус до лидерската позиција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шест голови видовме на вториот вечерашен дерби натпревар во 27. коло од Серија А.

Ако во Рим гледавме здодевен фудбал меѓу Лацио и Јувентус, во Неапол го видовме токму спротивното.

Веќе по првите седум минути видовме два гола, по еден на двете страни.  Најпрво Инсиње погоди во 6. минута за водство на домашниот тим, а веќе во следниот напад Рома изедначи преку неверојатниот Ченгиз Ундер кој го постигна својот шести погодок во последните седум средби.

Во продолжение следеше комплетна доминација на Рома  која до 79. минута постигна уште три погодоци преку Џеко и Пероти.

До крајот видовме уште еден утешен погодок за Наполи кој го постига Дрис Мертенс во 91 минута од средбата.

Наполи останува на лидерската позиција во Серија А и сега има еден бод повеќе од Јувентус, но и натпревар повеќе.