Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Екипата на Атлетико Мадрид си заврши повеќе од работата на домашен терен откако со високи 3:0 славеше против Локомотив Москва во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.
Првиот гол за „Јорганџиите“ го постигна младиот Саул Нигез кој го матираше Гиљерме од 30тина метри.
На 2:0 зголеми Диего Коста само две минути по почетокот на вториот дел, а конечниот резултат го постави Коке во 88. минута.