Раиола разговара со можни купувачи за Погба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По поразот од Севилја и раната елиминација од Лигата на шампионите во Манчестер Јунајтед буквално врие.

Ниту победата против Брајтон и пласманот во полуфиналето од ФА Купот не ги смири страстите, а сега речиси на секој нареден час излегуваат шпекулации кои ги поврзуваат играчите со трансфер надвор од „Олд Трафорд“.

Најнова вест е дека Мино Раиола веќе почнал да се среќава со потенцијални купувачи на Пол Погба. Наводно средбите биле од чисто информативен карактер без конкретни понуди, но доколку продолжи напнатата ситуација кај „ѓаволите“ можно е да се случи најскапиот трансфер во историјата на Манчестер Јунајтед да си замине од клубот по само две сезони од неговото враќање на „Олд Трафорд“.