Најдобриот доказ за љубов кон клубот е реакцијата на Кутроне! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не постојат пари кои би ја надокнадиле емотивната врска  на некој фудбалер и клубот. Младиот Патрик Кутроне е вистински пример за тоа.

Напаѓачот на Милан оваа сезона постигнува голови скоро секој натпревар, а во мечот против Киево успеа да постигне гол во 52 минута, но помошниот судија кажа дека е офсајд, по што главниот судија мораше да ја провери одлуката.

Откако му беше признаен голот, Кутроне се израдува и прослави како да станале шампиони во светот.