Дарко Крстевски: Во Битола не чека едно тешко гостување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во недела со почеток од 17:30 минути во Битола на „Тумбе Кафе“ ќе се одигра пелагониското дерби во рамките на првото коло на Македонската прва фудбалска лига.

Во Прилеп, од Победа денеска одржаа прес-конференција на која зборуваа тренерот Крстевски и дефанзивецот Александар Крстевски.

Дарко Крстевски вели: „Подготовките минаа во најдобар ред. Мене најбитно ми беше во овој дел да не загубиме некој од играчите, да нема потешки повреди и со мали повреди сите сме доволно орни и спремни за првенството. Тешкиот распоред на почетокот дополнително нè размрда и мислам дека за в недела ќе бидеме максимално подготвени. Со Пелистер добро се познаваме, знаеме како играат и кој систем го имаат. Во повеќе наврати сум кажал дека мене ме интересира само мојата екипа, а не нашиот противник. Ставаме акцент на нашата игра и одиме во Битола, каде нè чека пеколен натпревар. Се надевам дека и од Прилеп од нашите љубители на фудбалот ќе имаме завидна подршка. Тоа беше и целта на клубот гледачите да дојдат и го проследат натпреварот и навиваат за нас“

Дефанзивецот Крстевски е силно мотивиран за утрешниот дуел.

„Првите натпревари, без оглед со кој противник играш, секогаш се доста тешки, а тука дополнителна тежина на натпреварот става фактот дека се работи за пелагониско дерби. Сите знаеме дека дерби натпреварите се специфични и во нив никој не ужива во убавината, туку се става акцент на борбата да се дојде до бодовите затоа што сите сакаат новата сезона да ја започнат со победа. Сите сме максимално подготвени и ќе дадеме максимум да започнеме со победа в недела во Битола. Меѓу нас и Пелистер нема некои тајни, добро се познаваме, знаеме со каков играчки кадар располагаат. Но, мора да се каже дека оваа екипа е доста засилена во однос на минатогодишниот состав со 10-12 проверени квалитетни прволигашки фудбалери. Новајлии сме во лигата, но добро е што ги задржавме сите играчи. Добро се познаваме меѓу себе, со одредени играчи чии квалитети се вклопуваат во нашата игра. Посебно добро се знаеме со Цветаноски и Аломеровиќ“

Инаку Крстевски Александар играше во Пелистер но пред неполна година се врати во својот матичен клуб во Прилеп.

Влезниците можат да се купат сега по цена од 60 денари и во недела на стадионот каде што ќе се одигра дуелот по цена од 100 денари.