Гвардиола даде зелено светло за заминување на четворица фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола воведува промени кога се работи за играчкиот кадар во Манчестер Сити.

После тоа што доведе неколку ѕвезди, дојде времето некои да заминат. Според англиските медиуми, Гвардиола даде зелено светло за заминување на четворица.

Тоа се Мангала, Бони, Насри и Навас. Освен Насри, сите стигнаа кога беше тренер Мануел Пелегрини.

Се претпоставува дека Гвардиола нема овде да застане и дека уште некои фудбалери ќе си заминат.