Одбојкарките на Србија направија историско успех и се пласираа во финалето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов медал на ОИ има тимот на Србија.

Во Рио де Женерио не тргна баш најдобро за Србија, поради тоа што најголемите фаворити за медал одма испаднаа, но затоа во финишот на ОИ заблескаа тие од кои што не се очекуваше па Србија ќе има пристоен број на медали кога ќе се одземе и собере.

Денеска голема сензација направија одбојкарките на Србија кои во полуфиналето го совладаа огромниот фаворит САД. Конечниот резултат беше 3:2 во сетови, а фантастичен беше на начинот на кој Србинките дојдоа до пресврт во одлучувачкиот сет.

Во финалето за злато ќе играат со подобриот од дуелот Кина и Холандија.