Абрамович ќе го одржи ветувањето, овој Челси ќе биде најсилен тим во Европа?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Доколку успее во ова што Конте го бара од него, по се изгледа дека нема да има дилеми.

Конте има големи ветувања од Абрамович да му ги донесе посакуваните засилувања, но да не го продаде Азар.

Било какви понуди, дури и такви што би значеле дека ќе биде срушен светскиот рекорд, за Азар ќе бидат одбиени.

Првата мета, тоа е сега Санчез.

Челси ќе му плати 250.000 фунти неделно, само не се знае дали ќе се договори со Арсенал.

Сепак, Венгер нема многу избор, ако не сака Чилеанецот да замине бесплатно за 15 месеци.

Веќе се знае дека Конте сака да го задржи Коста, но ако замине, тогаш мета е Мората.

Наводно Видал одлучил и ќе му се приклучи на тимот.

Бонучи останува мета за одбраната, а Челси ќе се обиде да го донесе  и Алаба. Една од опциите е и Алекс Сандро, иако и тоа е тешка мисија.

Во секој случај, останува Конте да добие 5 засилувања, 2 или 3 дефанзивци, Видал, како и напаѓач.

Како што рековме, повеќе место во тимот нема да има за Тери, Фабрегас и Вилијан.