Агуеро во „ново руво“ пред градското дерби против Јунајтед (ФОТО)

Пеп Гвардиола на располагање има голем број на квалитетни играчи, но секако неговиот главен адут против градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, ќе биде фантастичниот Серхио Агуеро.

Аргентинецот веќе со години е ударна игрла на „Граѓаните“, а навивачите на Сити очекуваат дека и утре од 17:30 ќе ја тероризира одбраната на Манчестер Јунајтед на „Итхад“.

Серхио Агуеро на своето конто во новата сезона веќе има седум погодоци и го дели првото место на листата на стрелци во Премиер лигата со Азар и Обамејанг, па за очекување е да продолжат неговите добри партии и против Јунајтед.

И во Манчестер Сити очекуваат уште едно добро издаие од својот најдобар напаѓач, а пред дербито на официјалната страна на Твитер споделија и фотографија од Агуер во „ново руво“.