Азар порачува: Сакам да бидам легенда како Лампард, Тери и Дрогба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар вчера одигра уште една одлична партија за својот Челси,

Тој во победата на гости против Ватфорд постигна два гола и тоа му беа 100. и 101. гол за Плавите од Лондон.

После средбата порача дека би сакал да стане легенда на клубот како што се Дидиер Дрогба, Френк Лампард или Џон Тери.

„Да се постигнат 101 гол за овој неверојатен клуб е нешто што никогаш нема да го заборавам. Сакам да постигнувам уште голови и да станам легенда на овој клуб како што се Тери, Лампард или Дрогба“, изјави Азар.

Да потсетиме, Азар во текот на актуелната сезона има одиграно 22 натпревари и има постигнато 12 голови со 9 запишани асистенции.