Ако во Лондон кажат ДА, Реал ќе биде незапирлив

Реал Мадрид во наредната сезона би можел да влезе со доста изменет состав, но со неколку врвни имиња во својот тим. Кралевите бараат засилувања, а имињата со кои се поврзува Кралскиот клуб би го направиле актуелниот првак на Европа незапирлив.

Реал веќе одамна пкажа интерес за Еден Азар, а како што одат работите,  голема е веројатноста наскоро тој да го облече дресот на мадридскиот тим.

Сепак, доколку Кралевите добијат и позитивен одговор и од Тотенхем, шпанскиот великан наредната сезона може да биде незапирлив.

Наводно, Реал е подготвен на Тотенхем да плати огромна сума на пари за Хари Кејн. Фантастичниот напаѓач им е прва опција на Кралевите и нивната понуда е навистина импресивна.

Реал е спремен да плати дури 170 милиони евра, но раководството на тимот од Мадрид е спремен освен парите да го прати во Тотенхем и некогашната звезда на овој тим Герет Бејл.

Реал веќе не смета на Велшанецот, а се повеќе се говори за негово заминување.

Како и да е, ќе биде занимиливо околу овие понуди, доколку во Лондон кажат ДА, многу голема е веројатноста Реал да стане незапирлив.