Алегри: Ужасен натпревар за двете екипи


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус вчера на домашен терен беше поразен од Наполи со 1-0 со голот на Кулибали во 90. минута.

Тренерот ан „старата дама“, Масимилијано Алегри по мечот беше разочаран, но не само поради поразот, туку поради цел натпревар.

„Искрено, ова беше ужасен натпревар за двете екипи, едвај имаше удари кон головите. Игравме лошо, но моравме да издржиме до крајот. Вака му дозволивме на Наполи да се врати во шампионската трка“, вели Алегри.