Анчелоти без причина не отишол во Лондон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти од неодамна е без работа. Поради лошиот старт на сезоната со Баерн Минхен тој заработи отказ, а веќе се споменува како потенцијен менаџер на многу клубови.

Наводно, Италијанецот добил богата понуда од Кина за која сериозно размислува, но Анчелоти би можел да направи пауза од неколку месеци и повторно да седне на клупата на Челси.

Англиските медиуми тврдат дека Антониот Конте со сигурност ќе ја напушти клупата на Челси, а ссе претпоставува дека негова замена ќе биде токму Анчелоти.

Поранешниот тренер на Баерн беше забележан во Лондон на натпреварот во Лигата на Шампионите помеѓу Челси и Рома и тоа додатно ги подгреа шпекулаците за негово превземање на тимот од Лондон.

Да потсетиме, Анчелоти го водеше Челси од 2009. до 2011. година и во тој период ја освои Премиер Лигата, ФА купот и Community Shield и веројатно Анчелоти би бил идеален избор за нов менаџер на Челси.