Аргентинецот го пропушта крајот на сезоната – Ламела беше успешно опериран!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерик Ламела е приморан да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на колкот.

Тој го одигра последниот натпревар во октомври минатата година кога се повреди.

Потоа тој неколку пати се обиде да се врати на теренот, но не успеа да оздрави на вистински начин.

Докторскиот тим одлучи дека единствено решение е операција.

Тоа знаечеше дека Ламела ќе го пропушти остатокот од сезоната, па дека на теренот ќе се врати на подготовките за наредната сезона.

Ламела вчера беше успешно опериран во Лондон и наскоро ќе почне со процесот на рехабилитација.