Аргентинците открија како тренерот на Бока го мотивирал Тевез: Биле потребни само две реченици


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Сити, Карлос Тевез беше силно мотивиран кога влезе во игра пред крајот на натпреварот против Ривер Плата.

Бока и Ривер во неделата ја одиграа првата средба од финалето на Копа Либертадорес, а средбата заврши со резултат од 2-2.

Во последните 15ина минути шанса во дресот на Боа доби и повратникот Карлос Тевез, кој на теренот изгледаше силно мотивиран, а аргентинските медиуми открија што му рекол тренерот пред да влезе во игра.

„Поради вакви завршници се врати. Влези на теренот и донеси ни победа“, му рекол Скелето на Тевез.

Тевез на крајот сепак не и донесе победа на Бока, а шанса да го поправи впечатокот ќе добие за неколку дена кога ќе се одигра реваншот.