До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Откако Арсен Венгер најави дека ќе замине од Арсенал летово, на „Емирати“ почнаа да бараат нов стратег за екипата.
Во потесниот избор се Масимилијано Алегри, Луис Енрике, Леонардо Жардим, па и поранешните играчи на клубот, Патрик Виера и Микаел Артета, но очигледно тие се имаат договорено со Сити и наводно нема да ги пуштат во Лондон.
Виера има добар однос со богатите сопственици на Сити, го води Њујорк Сити, а претходно работеше со резервите на „граѓаните“.
Артета, исто така, е во стручниот штаб на Сити, па не би му дозволиле да замине во Арсенал.








