Арсенал ја прифати понудата за Жиру, но Челси се предомисли!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Французинот Оливие Жиру скоро сигурно ќе го напушти Арсенал до крајот на преодниот рок, доколку за „топчиите“ потпише играчот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.

Медиумите пишуваат дека Арсенал му испратил одговор на Челси дека се согласиле да го продадат за 20 милиони евра, но Челси се предомислил и не сака да плати толку пари за него затоа што чекале премногу долго.

Англиските премиерлигаши, Арсенал и Челси и понатаму се во преговори, но ќе видиме што ќе се случува затоа што за Жиру претходно интерес покажа и францускиот гигант Монако.