Атлетико Мадрид покажа интерес за веќе „отпишаниот“ играч за врска на „Емирати“…


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Челниците на Атлетико Мадрид, како што се наведува во своите редови би сакале да го видат, во последно време индиспонираниот играч за врска на Арсенал, Месјут Озил.

Иднината на Озил на „Емирати“ веќе некое време е под знак прашалник, со оглед на тоа дека најплатениот играч во клубот и не се наигра претерано по пристигнувањето на Емери во Арсенал.

Германецот беше изоставен од составот за мечот против Вест Хем, во кој неговите соиграчи беа минимално поразени. Службената иизјава на Емери беше дека Озил не заслужил да игра на натпреварот против градскиот ривал.

Шпанските медиуми наведуваат дека Атлетико веќе испратил понуда од околу 18 милиони евра до Арсенал за Озил. Како што се наведува, челниците на Арсенал немаат ништо против заминувањето на 30-годишниот фудбалер, бидејќи така би го зголемиле буџетот за засилувања во зимскиот преоден рок.

Најголемиот проблем во евентуалниот трансфер на Озил во Атлетико е неговата плата, бидејќи Германецот моментално во Арсенал заработува околу 350 илјади евра неделно.