Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн потврди дека ќе го откупи договорот на францускиот репрезентативец.
Кингсли Коман дефинитивно останува во Баерн, а Јувентус ќе заработи одлично на фудбалерот кој го доведе без оштета пред две и пол години.
Газета Дело Спорт соопшти дека тандемот на Јувентус, Бепе Марота-Фабио Паратичи во четвртокот имале состанок во Милано со агентот Џовани Бранкини и претставниците на Баерн.
На тој состанок раководството на Баерн Минхен соопштило дека ќе ја искористи клаузулата од договорот за позајмица и ќе го откупат договорот на Коман за 21 милион евра. Францускиот фудбалер во летото 2015-та година стигна во Баерн на двегодишна позајмица вредна 7 милиони евра.
Изгледа дека на добар пат е Јувентус да заработи добро од фудбалерот кој одигра 20 натпревари во нивниот дрес.