Баерн за натпреварите од ЛШ го пријави Геце

Младиот брат на Марио Геце, Феликс, се најде меѓу пријавените играчи на Баерн за учество во ЛШ во оваа сезона.

Враќањето на постариот брат во Дортмунд отвори простор за 18-годишниот играч кој Карло Анчелоти се одлучи да го пријави за најелитното фудбалско натпреварување во Европа, и Феликс Геце се најде меѓу играчите на Б листата.

Тој е во Баерн од 2014 година, а беше и во кадарот и во минатата сезона.