Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Барселона на сите начини се обидува да донесе фудбалер на Арсенал.
Познато е дека Барселона веќе некое време се обидува да го врати Белерин во тимот.
Тој беше член на „Ла Масија“ пред да замине во Лондон, а Барселона сфати дека направи грешка, па сега сака да ја поправи.
Подготвени се да понудат 35 милиони фунти за неговите услуги, а кога станува збор дали Арсенал би ја прифатил понудата, сеуште не е познато ништо.
Барселона е подготвена и да понуди фудбалер за Белерин, а Арсенал ќе треба да бира помеѓу Ракитиќ, Туран и Гомеш.
Арсенал веќе покажа интерес за Туран, но по се изгледа дека најпримамлива е понудата на Ракитиќ кој би можел да биде замена за Озил кој би можел да го напушти клубот.
Малку е веројатно дека Арсенал би се согласил на размена во која би го добил Гомеш.