Барселона се распрашувала за Рабио

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона се распрашувала за Адриен Рабио минатото лето.

Каталонците бараат наследник на Иниеста кој ќе го замени Шпанецот во годините што доаѓаат, а изборот наводно паднал токму на Рабио.

Од раководството на Барселона дури се обиделе и да го вклучат младиот Французин во трансферот на Нејмар, но од ПСЖ тоа го одбиле со образложение дека тој е продукт на нивната академија и дека планираат да го „кројат“ тимот околу него.

Сепак Каталонците нема лесно да се откажат од него и ова лето ќе се обидат да испратат понуда за одличниот играч од средниот ред на кого договорот со ПСЖ му истекува во 2019 година.