Беше во страшната несреќа на клубот: Сега е подготвен да игра за Чапекоенсе!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Ова е неверојатна големина, храборст и почит кон своите загинати соиграчи.

Фудбалерот кој ја преживеа несреќата сака повторно да го носи дресот на Чапекоенсе.

Веста на денот стигнува од Бразил, дефанзивецот на Чапекоенсе, Хелио Сампиер Нето, еден од 6-те патници кои го преживеаа падот на авионот, се врати во својата татковина, а сега се лекува од повредите и сака повторно да игра.

„Дали Нето ќе се врати на теренот? Секако дека постои таква можност, но рано е сеуште да даваме прогнози. Тој сака повторно да заигра, но мора да бидеме внимателни.“

Звучи како повторно поминување на траумите, но Нето само 20 денови по несреќата, повторно влезе во авион и од Мардељ се врати во својот град со мали болки во текот на летот.

„Летот го помина со мали болки, но тоа е очекувано, важно е тоа што ништо не е страшно и тоа што ги држиме работите под контрола. Тој доживеа физичка траума, но психолошката е уште поголема. Мораме да бидеме внимателни. На него му е потребна голема поддршка.“

Нето покрај големиот број на повреди, има и воспаление на гради, па така пред него е период на рехабилитација.