Блажевски замина на печалба во странство!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски, беше официјално претставен во својот нов клуб, Тирана од Албанија.

Блажевски по третпат ќе си ја проба среќата во странство, откако претходно настапуваше во Азербејџан и Грција, а освен за Вардар, во Македонија има играно и за Хоризонт Турново.

Блажевски во Албанија ќе остане една година, а од македонскиот вицешампион замина летово, откако му заврши соработката со „црвено-црните“.