Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Емануел Адебајор е моментално на купот на африканските нации со Того, но не се откажува од уште еден обид во ПЛ.
Тој е без клуб откако во јуни му заврши договорот со Кристал Палас. Беше блиску до потпис со Лион, но тој трансфер во последен момент пропадна.
Сепак, тој игра одлично на турнирот во Габон и трпеливо чека повик од некој англиски клуб.
„Имам 32 години, но Бог ми даде гени телото да ми биде помладо и во форма. Мислам дека можам уште многу да понудам на високо ниво. Татко ми ме научи секогаш да бидам насмеан и да мислам позитивно. И сега сум таков и чекам нова шанса да се покажам на клупско ниво.“