Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот олимписки шампион во Атлетика, Усеин Болт, доби договор од тимот на Сентрал Коуст Маринерс.
Најбрзиот човек на светот сега ќе има можност да стане професионален фудбалер, желба која ја имаше уште од пред пет, шест години.
Јамајканецот беше на проба во тимот од Нов Јужен Велс, клуб во кој ги постигна и првите два гола во кариерата, во пријателски натпревар одигран минатата недела.
„Можам да потврдам дека Усеин доби договор од Сентрал Коуст Маринерс“- кратко коментираше Рики Симс за „ПА Спорт“.