Бомба од Олд Трафорд: Мурињо тргнува по еден од најдобрите напаѓачи во Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо сака на Олд Трафорд да го доведе Единсон Кавани, тврдат англиските медиуми.

Португалскиот стручнак сака да го искористи тоа што ПСЖ не понуди нов договор на уругвајскиот напаѓач и да го доведе во Јунајтед.

Кавани очекува ПСЖ да му понуди нов договор бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2018 година и иако има време до тогаш, сака да потпише нов со цел да биде сигурен дека во клубот сериозно размислуваат на него.

Меѓутоа, доколку до тоа не дојде, Кавани е спремен да започне преговори со Црвените Ѓаволи.

Инаку, одличниот напаѓач е на мета и на Челси, како и на Атлетико Мадрид, додека порано се доведуваше во врска со премин во Арсенал.