Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд планира да инвестира многу пари пред почетокот на наредната сезона во трансфери, особено ако продаде некои фудбалери.
Борусија Дортмунд би можела да изгледа поинаку во наредната сезона, посебно ако управата одлучи да продаде неколку стандардни играчи.
Заинтересирани за нивните играчи има на сите страни, посебно во ПЛ. Клоп сака да донесе неколку играчи од Борусија во Ливерпул, а можеби тоа ќе го направи и Мурињо.
Јунајтед е заинтересиран за Дембеле и наводно е подготвен да плати 50 милиони евра.
Минатото лето Дембеле стигна од Борусија за 15 милиони евра од Рен, па така тимот би направил голем профит.
Според медиумите, тој е прва мета, а втора е Перишиќ.
Покрај Дембеле, се посигурно е дека Обамејанг ќе го напушти тимот. Се бара потенцијален купувач, а минатото лето Дортмунд одби понуда од 80 милиони евра од Арсенал.
Пулишиќ исто така е играч кој би можел да замине затоа што Ливерпул е заинтересиран, како и Баерн Минхен. Тој би требало да замине за 30-40 милиони евра.
Доколку се случи продажба на овие 3 фудбалери, тогаш Дортмунд би имал 150 милиони евра за летниот преоден рок.