Бразилецот инсистира, Серија А му е судена


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред неколку години беше блиску до трансфер во Јувентус, сега е на мета на најголемиот ривал.

Луиз Густаво би можел да го напушти Волфсбург, во летото го сакаше истото, но цената од 30 милиони евра беше преголема за фудбалер на негови години.

Бразилецот сега се обидува на сите начини да ги напушти волците, неговиот агент го притиска клубот да го прати на позајмица во Интер со право на откуп.

На Пиоли му е потребен разбивач во средината на теренот, Мело е на излезни врати, а Банега е поразличен тип на фудбалер од него.

Во овој момент не е јасно што ќе направи Волфсбург кој е на 13-то место на табелата во бундеслигата, трошоците се намалени, но тие сакаат да го продадат фудбалерот, а не да го пратат на позајмица.