Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес беше одигран натпреварот помеѓу Милан и Фиорентина.
Натпреварот започна во доминација и неколку удари на тимот на Фиорентина, а првата посериозна шанса ја имаше Валеро кој испрати удар од работ на шеснаесетникот, а Донарума со одлична интервенција успеа да одбрани.
Првиот гол се чекаше до 17-та минута кога Куцка успеа да скокне повисоко од одбраната на Фиорентина и да погоди со глава до левата статива и да го донесе Милан во предност.
Вториот гол на натпреварот падна само 4 минути подоцна, но овој пат во мрежата на Милан. Калиниќ пречека одличен центар-шут во казнениот простор и постигна гол за 1:1.
За тоа колку беше возбудлив овој натпревар зборува и голот на Делофеу кој погоди во 31-та минута за водство на Милан од 2:1.
Во 42-та минута Гонзало Родригез имаше удар со глава кон голот на Донарума, но топката заврши над голот на Милан.
Тоа воедно беше и последната сериозна шанса во првиот дел.
Првата посериозна шанса во вториот дел од натпреварот беше во 49-та минута кога Матијас испрати удар под пречката на Донарума кој одлично интервенираше.
Фиорентина продолжи да напаѓа во вториот дел од натпреварот, а уште една шанса имаше Валеро во 56-та минута кога повторно не беше прецизен и испрати удар над голот.
Во 72-та минута Иличиќ се обиде да испрати удар кон голот, но неговиот удар беше изблокиран.
Иличиќ се обиде уште еднаш во 80-та минута од слободен удар, но ниту тогаш не успеа да направи нешто посериозно, па резултатот остана 2:1.
Во 93-та минута Валеро се обиде да премине повеќе дефанзивци на Милан и да направи нешто посериозно, но беше сопрен на патот кон голот на Донарума.
Последната шанса на натпреварот ја имаше Бадељ кој испрати удар од работ на казнениот простор, но тој удар одеше директно во Донарума кој без проблеми успеа да одбрани и така остана резултатот 2:1 за Милан.