Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку сезони по ред, Икарди е најдобар играч во Интер, а ова лето напаѓачот постојано се поврзуваше со Реал Мадрид. Неговата сопруга Ванда Нара, која инаку е негов менаџер во разговор за италијанските медиуми откри дека Икарди имаше две понуди и тоа од клубови од Апенините.
„Единствен контакт ова лето Мауро имаше со Јувентус. Им постигна седум голови и нормално дека ќе сакаат да го доведат. Неговата цел од стартот беше јасна, да остане во Интер. Јуве сакаше да го доведе, но потоа се свртеа кон Роналдо и тоа беше тоа“, изјави Ванда и додаде:
„Ја работам својата работа најдобро што знам и било кој клуб да ме контактира, на крајот добива одговор. Мауро секогаш ја има конечната одлука и не навлегувам премногу во тоа. Исто така, разговаравме со Наполи, но Мауро едноставно немаше никаква желба да отиде таму и немаше никаков личен контакт со нив“.