Вардар денес ќе го презентира новиот тренер

Фудбалскиот клуб Вардар денес ќе одржи прес конференција во прес центарот на „Телеком Арената“.

На прес конференцијата ќе бидат искажани очекувањата пред натпреварот со Фенербахче во рамките од плеј-офот од Лигата на Европа, а воедно ќе биде промовиран и новиот шеф на стручниот штаб.

Веќе е јасно дека нов предводник на „црвено црните“ ќе биде Чеде Јаневски, но не е познато дали искусниот стратег ќе го води тимот на натпреварот со Фенербахче во четврток.