Вермален го продолжува договорот со Барселона

Белгискиот репрезентативец Томас Вермален би требало да го продолжи договорот со Барселона во следните денови.

Вермален долго време се мачеше да избори минутажа во тимот, а оваа сезона колку толку успеа во таа намера.

Овој стопер кој некогаш играше во Арсенал е трет избор на Ернесто Валверде и оваа сезона собра вкупно 16 натпревари. Вермален со Барселона има важечки договор уште една сезона и по се изгледа ќе продолжи на „Камп Ноу“ уште неколку сезони.