Вили Рид уапсен поради случај на семејно насилство!

Далеку од идеален крај на “романсата” со градот Мајами за Вили Рид. Довчерашниот центар на Мајами Хит вечерва беше уапсен поради случај на домашно насилство и физички напад.

 

Во овие моменти Вили Рид е сѐ уште во притвор а кауцијата изнесува 1500 долари.

 

27-годишниот центар минатата недела потпиша едногодишен договор со тимот на Лос Анџелес Клиперс, откако минатата сезона играше во Мајами Хит и служеше како замена за Хасан Вајтсајд.