Војна помеѓу поранешниот напаѓач на Ливерпул и Гвардиола!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола го навреди, а овој му врати двојно повеќе.

Стен Колимор, поранешниот напаѓач на Ливерпул, го критикуваше Гвардиола откако тој изјави дека не гледа потреба од вежбање на стартови врз противничките играчи.

На поранешниот тренер на Барселона и Баерн тоа не му се допадна, па новинарите кои го прашаа да каже нешто за тоа, тој рече: „Стен Колимор?“

Колимор се почуствува навреден, па одлучи да започне војна со шпанскиот тренер.

Овој пат, Колимор го спореди Пепе со легендарниот тренер на Нотингем Форест, Брајан Клоф.

„Не ми пречи тоа што Пеп не знае. Брајан Клоф ме знаеше и ме почитуваше. Тој беше 2 пати освојувач на купот на Европа и тоа го направи откако започна од дното, не од милиони од Абу Даби и Катар.“

Тој ја критикуваше одлуката на Гвардиола да го пушти Харт да замине од клубот затоа што не беше „доволно добар фудбалер“.

„Тој не мора да биде добар фудбалер, тој е тука да брани.“