„Во Англија е полесно отколку во Шпанија и Германија“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Сити, Гвардиола во првата сезона во Сити остана во трка само за трофејот во ФА купот.

Сити одлично ја започна сезоната, но подоцна паднаа и истиот момент почнаа многумина да се сомневаат во квалитетот на Гвардиола.

„Во Англија не чувствувам голем притисок. Во Шпанија и Германија е поинаку и притисокот на играчите и тренерите е поголем.“

„Овде е помирно. На пример, навивачите се однесуваат беспрекорно и тоа многу го почитувам. Исто така, уверен сум дека во секој момент го поддржуваат клубот.“

„Разбирливо е некогаш новинарите да ги убиваат тренерите, но тоа се случува секаде. Ние изгубивме од Монако и испаднавме од ЛШ, но потоа имавме три тешки натпревари против Ливерпул, Арсенал и Челси.“

Сити е во моментов на 4-то место со 11 бодови помалку од Челси.